Согласно објавата на Министерството за финансии Во „Службен Весник на РСМакедонија бр. 299/20, Министерството за Финансии го објави износот на ДАНОЧНОТО НАМАЛУВАЊЕ за 2021 година.
1. Даночното намалување утврдено во член 10 (став 2) од Законот за данокот на личен доход,(Службен весник на РСМакедонија 241/18, 275/19, 290/20 ), за 2021 година на ГОДИШНО ниво, изнесува 101.256,00 денари.
2. Даночното намалување согласно со член 17 (став 2) од Законот за данокот на личен доход, по основ на доход од работа од плата, надоместоци на плата и пензија, МЕСЕЧНО се утврдува во износ од 8.438,00 денари.
