Почитувани,

Ве потсетуваме дека, Согласно член 23 од Законот за вршење на сметководствени работи (“Службен весник на РМ” 95/12…193/17), секој трговец – поединец сметководител, трговец поединец овластен сметководител и друштва за вршење на сметководствени работи се должни најдоцна до 31 јануари  2022 година да достават до Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) список на лица вработени како сметководители или овластени сметководители, како и доказ за уплатено годишно осигурување од штета.

Во известувањето, трговец – поединец сметководител, трговец поединец овластен сметководител и друштва за вршење на сметководствени работи потребно е да ги наведат сите лица вработени како сметководители или овластени сметководители со нивни лични податоци (име и презиме) и задолжително регистерскиот број под кој е запишан во Институтот на сметководители и овластени сметководители (број на уверение издадено од ИСОС).

Платеното осигурување се докажува со доставување на оригинал полиса од платеното осигурување од штета при вршење на професионална дејност, која субјектите за вршење на сметководствени работи се должни да ја плаќаат секоја година.

Документите може да се достават:

  • во просториите на ИСОС;
  • по пошта ул. “Црвена скопска општина” бр.10 или