Институтот на сметководители и овластени сметководители објави ново соопштение за продолжување на рокот за ажурирање на податоци. Во прилог Ви го презентираме целосното соопштение:

“Поради техничкиот проблем со линкот Ве известуваме дека рокот за ажурирање на податоци се продолжува до 29.01.2023 година.

Институтот на сметководители и овластени сметководители Ви се извинува за техничкиот проблем.

Поради дополнителниот рок до 29.01.2023 (недела), a во интерес на сите сметководители и овластени сметководители кои не ги ажурираа своите податоци, официјалните регистри ќе бидат објавени на веб страната на Институтот, по завршување на периодот за ажурирање.”

Линк за ажурирање:

https://smetkovoditel.isos.com.mk/login

Ви благодариме за разбирањето.”