Стапки на придонесите од задолжително социјално осигурување

Врз основа на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, стапките по кои се пресметуваат и плаќаат придонесите од задолжително социјално осигурување почнувајќи со исплата на платата за месец Јануари 2022 се следните (види http://www.ujp.gov.mk/mk/vodic/category/641)

Вид на придонесСтапка
2022-2020
Стапка
2019
Стапка
2018-2010
Стапка
2009
Задолжително пензиско и инвалидско осигурување18,8%18,4%18%19%
Задолжително здравствено осигурување7,5%7,4%7,3%7,5%
Дополнителен придонес за здравствено осигурување
за случај на повреда на работа и професионално заболување
0,5%0,5%0,5%0,5%
Задолжителен придонес за осигурување во случај на невработеност1,2%1,2%1,2%1,4%
Придонес за стажот на осигурување
што се смета со зголемено траење
Стапка
2022-2020
Стапка
2019
Стапка
2018-2011
Стапка
2010
Стапка
2009
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 18 месеци9,4%9,20%9%9%9,50%
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 17 месеци7,83%7,67%7,5%7,5%7,92%
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 16 месеци6,27%6,13%6%6%6,33%
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 15 месеци4,7%4,60%4,5%4,5%4,75%
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 14 месеци3,13%3,07%3%3%3,17%
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 13 месеци1,57%1,53%1,5%1,77%1,77%

Даночно намалување

Почнувајќи со исплатата на платата за месец Јануари 2022 година, ќе се применува даночно намалување во следниот износ:

  1. Даночното намалување при годишно пресметување на данокот на доход во износ од 105.456,00 денари.
  2. Даночното намалување при исплата на доход од работа по основна плата, надоместоци на плата и пензија, намесечно ниво во износ од 8.788,00 денари (види http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje/licno_osloboduvanje).

Нова верзија на клиентски софтвер

За да можете да ја поднесете пресметката за плата за месец Јануари 2022 година, задолжително преземете ја најновата верзија на “МПИН“ клиентскиот софтвер (од 03.01.2022 година), преку веб страницата на УЈП (преземи http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/81).
Пресметката за плата МПИН доставете ја преку интернет на следната е-пошта:celaplata@ujp.gov.mk
При доставување на образецот МПИН за повеќе даночни обврзници, ве молиме пресметките за плата да ги доставувате, одделно, за секој даночен обврзник. Исто така, веќе еднаш доставената пресметка за плата не ја праќате повторно преку е-пошта:celaplata@ujp.gov.mk и во даночните канцеларии на УЈП. Декларацијата и Налогот заплаќање ќе ви бидат доставени на вашата електронска пошта, најдоцна во рок од 24 часа од поднесувањето на пријавата.

Поднесување пресметки за минат период и исправка на пресметки

Доколку поднесувате пресметка за плата која се однесува на минат период од 2009 до 2021година, или пак вршите исплата по основ на деловна успешност или исправка на пресметка за плата за овој период, потребно е да ги користите стапките на данок на личен доход, стапките на придонеси од задолжително социјално осигурување и даночното ослободување кои важат за тој период согласно Законот.

НАЈВИСОКА ОСНОВИЦА ЗА ПРЕСМЕТКА НА ПРИДОНЕСИ
ПериодНајвисока основица за правни лицаНајвисока основица за СВД
2009 до 2011 годинаЧЕТИРИ просечни месечни плати 
2012 до 2014 годинаШЕСТ просечни месечни плати 
ЈАНУАРИ и ФЕВРУАРИ 2015 годинаНе се применува највисоката основица 
МАРТ 2015 дo ДЕКЕМВРИ 2017 годинаДВАНАЕСЕТ месечни просечни платиОСУМ просечни плати
2018, 2019, 2020, 2021 и 2022 годинаШЕСНАЕСЕТ просечни месечниДВАНАЕСЕТ просечни плати