Владата на РСМ во „Службен весник на РСМ“ бр.153/20 ja објави Уредбата со законска сила за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во текот и во пост COVID – 19, периодот  со која Уредба се уредува видот, висината, условите, начинот и постапката за доделување на финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на трговските друштва со цел да се стабилизира и обнови нивната деловна активност вклучувајќи го враќањето на изгубени пазари со што ќе се одржат деловните потфати кои ќе придонесат за заздравување на домашната економија, преку реализација на инвестициски проект во пост-ковид периодот во текот на Mарт 2020 година до Декември 2021 година.

Давател на финансиската поддршка е Владата на РСМ, односно Генералниот секретаријат на Владата на РСМ, a Корисник на финансиската поддршка се трговски друштва од областа на индустријата согласно со одредбите на уредбата, односно оние кои не се исклучени согласно уредбата со законска сила.

Висината на Финансиската поддршка изнесува 25% од реализираната инвестиција според инвестицискиот план од член 6 од Уредбата но не повеќе од 40.000 до 200.000 евра.

Уредбата влезе во сила на 9 јуни 2020 година.

Прилог: Уредба