Во Службен весник на РСМ  63 од 21 март 2023 година објавена е Одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед.

Со оваа одлука се определуваат највисоките цени во трговијата на мало на свежи јајца од кокошка и ориз и се определува обврска на трговците кои претставуваат правни и физички лица кои се регистрирани за вршење на трговска дејност во соодветен регистар согласно со закон, како и трговците кои претставуваат правни и физички лица регистрирани за вршење на производство кои своите производи ги продаваат на пазарот, да прибавуваат и/или да продаваат свежи јајца  од кокошка.

Највисоките цени на свежи јајца од кокошка и ориз се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 15 март 2023 година во трговијата на мало, за соодветната класа по производ.

Трговците кои претставуваат правни и физички лица кои се регистрирани за вршење на трговска дејност во соодветен регистар согласно со закон, имаат

обврска редовно да прибавуваат и да продаваат свежи јајца од кокошка во количини што редовно се прибавувале и продавале во јануари и февруари 2023 година.

Трговците кои претставуваат правни и физички лица регистрирани за вршење на производство кои своите производи ги продаваат на пазарот, имаат обврска најмалку 70% од своето производство на свежи јајца од кокошка да го стават во промет на домашниот пазар.

Највисоките цени на свежи јајца од кокошка и ориз  и обврските на трговците од членот 3 од оваа одлука ќе се применуваат од 21. МАРТ  до 30 АПРИЛ 2023 година.

ВИДИ ОДЛУКА