Во Службен весник на РСМ бр. 154/2020 се објави измена и дополнување на Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот цовид- 19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година („Службен весник на РСМ“, бр. 111/20 и 113/20) со кои измени се овозможува на работодавачите да користат финансиска поддршка и за месец ЈУНИ 2020 година.
Измената на Уредбата се однесува на условите кои треба да ги исполнува Работодавачот-барател на финансиска поддршка заради исплатата на платите за месеците АПРИЛ, МАЈ и ЈУНИ 2020 година.
За користење на финансиската поддршка, работодачот-барател на финансиска поддршка треба да ги исполни следните услови:
– Намалувањето на вкупните приходи намалени за одделни еднократни приходи кои не произлегуваат од редовното работење на работодавачот-барател на финансиска поддршка остварени во месец АПРИЛ 2020 година, МАЈ 2020 година или ЈУНИ 2020 година да изнесува повеќе од 30% во однос на месечниот просек на вкупните приходи намалени за одделни еднократни приходи кои не произлегуваат од редовното работење остварени во 2019 година,
– За работодавач-барател на финансиска поддршка кој е запишани во соодветен регистар (ОСНОВАЊЕ) после месец март 2019 година, намалувањето на вкупните приходи намалени за одделни еднократни приходи кои не произлегуваат од редовното работење на работодавачот-барател на финансиска поддршка остварени во месец АПРИЛ 2020 година, МАЈ 2020 година или ЈУНИ 2020 година да изнесува повеќе од 30% во однос на месечниот просек на вкупните приходи намалени за одделни еднократни приходи кои не произлегуваат од редовното работење на работодавачот-барател на финансиска поддршка остварени од денот на запишувањето во соодветен регистар во 2019 година и месеците јануари и февруари 2020 година.
– За работодавачотбарател на финансиска поддршка кој врши дејност од СЕЗОНСКИ карактер, намалувањето на просечните вкупни приходи намалени за одделни еднократни приходи кои не произлегуваат од редовното работење на работодавачот-барател на финансиска поддршка остварени за последниот сезонски период од 4 месеци споредено со просечните вкупни приходи намалени за одделните еднократни приходи кои не произлегуваат од редовното работење на работодавачот-барател на финансиска поддршка остварени за сезонскиот период од истите 4 месеци во претходната година да изнесува повеќе од 30%.
– Работодавачот-барател на финансиска поддршка да не исплатува дивиденда на сопствениците, како и да нема извршено исплата по основ на награда за деловна успешност на работодавачот со шифра 102 во МПИН образецот или друг вид на годишна награда на вработените и органите на управување и надзор на работодавачот-барател на финансиска поддршка, од денот на влегувањето во сила на оваа уредба, до денот на исплатата на платата за месецот за кој е добиена финансиска поддршка согласно со оваа уредба со законска сила.
Работодавачот кој користел финансиска поддршка за три месеци, бројот на вработени под условите кои важат од оваа Уредба не смее да го намалува заклучно со месец АВГУСТ 2020 година.
Прилогот Барање за финансиска поддршка на работодавач заради исплата на плати за месеците април и мај 2020 година се заменува со нов Прилог Барање за финансиска поддршка на работодавач заради исплата на плати за месеците АПРИЛ, МАЈ и ЈУНИ 2020 година кој е даден во прилог и е составен дел на Уредбата.
НАПОМЕНА: Сите останати услови од Уредбата остануваат непроменети и важат истите услови кои важеа и за месец април и мај 2020 година.
Прилог: Уредба
