По однос на почестите прашања од подрачните служби како и од фирмите за тоа како да се
регулира правото на надоместок на плата за време на привремена спреченост за рабоа на
вработените лица кои имаат симптоми и се заболени од COVID – 19 (Коронавирус), на лица кои
се во изолација заради спречување на зараза но се асимптоматични (односно немаат знаци на
болеста) а за кои е констатирано дека се заболени од COVID – 19 (Коронавирус) како и за лица
кои се во изолација (карантин) заради спречување на зараза но за истите не е потврдено дека
се заболени од COVID – 19 (Коронавирус), Ве известуваме за следното:
Согласно член 13 од Законот за здравственото осигурување, правото на надоместок на плата за
време на привремена спреченсот за работа поради болест и повреда можат да остварат само
осигурените лица кои се во работен однос, во случај на:
- Болест и повреда надвор од работа;
- Повреда на работа и професионална болест;
- Лекување и медицинско испитување;
- Негување на болно дете до тригодишна возраст;
- Негување на болен член на потесно семејство над тригодишна возраст, но најмногу до
30 дена; - Неопходно придржување на болно лице, упатено на преглед или лекување надвор од
местото на живеење; - Неопходно придржување на болно дете до тригодишна возраст додека е на болничко
лекување, но најмногу до 30 дена; - Доброволно давање на крв, ткиво или орган и
- Надоместок заради спречување на зараза
- Остварување на право на боледување на вработени лица кои имаат симптоми и се
заболени од COVID – 19 (Коронавирус)
Вработените лица кои имаат симптоми и се заболени од COVID – 19 (Коронавирус), ќе го
остварат своето право на надоместок на плата за време на привремена спреченост за работа
согласно член 13 став 1 точка 1 од Законот за здравственото осигурување односно избраниот
лекар ќе им издаде ИСР образец по основ на болест за која надоместокот на плата за првите
30 дена спреченост за работа го утврдува и исплатува работодавецот од своите средства, а над
30 дена Фондот.
