Согласно Објавата на Министерот за финансии, објавена во Службен весник на РСМ 263/2023 година, Даночното намалување (личното ослободување) за 2024 година изнесува:
1. Даночното намалување на годишно ниво утврдено во член 10 став (2) од Законот за данокот на личен доход, за 2024 година, изнесува:
114.480,00 денари,
2. Даночното намалување согласно член 17 став (2) од Законот за данокот на личен доход по основ на доход од работа од плата, надоместоци на плата и пензија, месечно се утврдува во износ од:
9.540,00 денари.