Согласно Закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи, објавени во („Службен весник“ 39/2025), кои влегуваат во сила со денот на објавувањето, од 20.02.2025 година, се внесува нов член 104-а, со кој се дава право на избрано или именувано лице, да продолжи со вршење на функцијата и по исполнување на условите за старосна пензија, а најмногу до 67 години возраст, со писмена изјава до органот кој го избрал или именувал.
Писмената изјава, лицето ја дава еднаш годишно, а најдоцна до 31 август во тековната година за продолжување на вршењето на функцијата за наредната година.
Избраните или именувани лица кои во 2025 година, по влегувањето во сила на Законот за Работни односи од 20.02.2025 година, ќе ги исполнат условите за старосна пензија, односно ќе навршат 64 години возраст, имаат право да поднесат писмена изјава за продолжување на вршењето на функцијата, во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на Законот, односно најдоцна до 21 март 2025 година.