Во „Службен весник на РС Македонија“, 166/2025 објавена e Одлукаta за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало…
Согласно Одлуката се определуваат највисоките цени во трговијата на големо и трговијата на мало со училишен прибор и тоа на следните производи:
– ранци и ташни;
– тетратки, блокови, колажи;
– моливи и пенкала (економични, пластични);
– дрвени и мрсни боици;
– пластелин, теста за моделирање, подлоги;
– фломастери и текст маркери;
– темперни, акрилни, водени бои и четки;
– линијари и дидaктички материјали;
– острилки и гуми за бришење;
– детски ножици;
– футроли и етуи;
– лепак, шестар, дигитрони;
– украсна хартија;
– папки и картонски ташни и
– материјали за изработка.
Одлуката за највисоките цени на училишен прибор, определува цени од 01.06.2025 година, намалени за 10% во трговија на големо и 15% во трговија на мало, кои ке се продаваат во период од 15.08 до 15.09.2025 година.
Новонабавените артикли кои не се вклучени во залихите од 01.06.2025, се намалуваат за 10% во трговјата на големо, од цената евидентирана за залиха, утврдена на соодветен артикл во МЕТГ Образец и 15% за трговија на мало за цени на залихи утврдени во ПЛТ Образец, за истоветен артилкл.
Намалувањето не се пресметува на акциски продажби на 01.06.2025, туку на регуларните продажни цени.
Намалувањто на цените се врши на товар на вкалкулирана разлика на цена.
Артиклите определени со Одлуката, се обележуваат на полиците со натпис: “помалку трошоци, повеќе за тебе” со објавување на претходната и новонабавената цена..
Највисоките цени на производите од Одлука ќе се применуваат од 15 август 2025 година до 15 септември 2025 година.