Почитувани,

Согласно Одлуката на Владата на РСеверна Македонија, со која рокот за постоење на кризна состојба на територијата на РСМ заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија од заразната болест Covid – 19 (Коронавирус), беше продолжена сметано до 30 јуни 2022 година,.

Ве известуваме за следното:

Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, ги укинува активностите и мерките кои ги донесе во насока на спречување на ширење и сузбивање на заразата од  Covid – 19 (Коронавирус), сметано од 01 јули 2022 година. 

Осигурените лица на Фондот, ќе можат и понатаму да ги остваруваат своите права од задолжителното здравствено осигурување, во рамките на законските прописи и подзаконските акти на Фондот.

Фондот, како општествено одговорна институција и понатаму активно ќе ја следи состојбата поврзана со ширењето на Covid – 19 (Коронавирус), притоа доследно придржувајќи се на  препораките на СЗО и на донесените мерки на  Владата на РСМ, а со цел да ги заштити здравјето на населението  како  превенција  од ширење на оваа заразна болест.