Член 1
Со оваа одлука се определуваат посебните услови за трговија и обврската на трговците кои претставуваат правни и физички лица кои се регистрирани за вршење дејност производство и
за вршење дејност трговија на големо и на мало во соодветен регистар согласно со закон, да ги
прибавуваат и продаваат следните стоки:
1) ориз бел, во пакување од 900g до 1kg;
2) брашно пченично, тип 400 во пакување од 1kg до 2kg;
3) бел и полубел леб, векна, индустриски тип 450g (цел и на парчиња), со исклучок на свежо
печен леб во маркетите;
4) печени пекарски производи (ѓеврек обичен, бурек со месо и сирење, баничка со месо и
сирење, симит погача и лисната кифла, обична и со сирење);
5) бисквити, „Petit Beurre” и бисквити обични од 300g до 500 g;
6) тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица) без и со јајца од 500g (без додатоци);
7) масло за јадење од сончоглед, во пакување од 1 l;
8) месо, јунешко, без коски, од бут или некој друг дел;
9) месо, свинско, без коски, од бут или некој друг дел;
10) пиле (свежо и замрзнато) цело;
11) пилешки стек (свеж и замрзнат);
12) салама, шункова во пакување од 300g до 800g (без слајс пакување);
13) чаен колбас, од свинско месо (без додатоци и без слајс пакување);
14) чаен колбас, од говедско месо (без додатоци и без слајс пакување);
15) пилешка посебна саламa во пакување од 300g до 800g (без слајс пакување);
16) паштета од џигер и пилешка (кокошја), во пакување од 95g и 100g (без додатоци);
17) замрзната риба Ослиќ;
18) трајно кравјо млеко (освен органско млеко и млеко со додатоци) со масленост од 2,8%, 3,2%
и 3,5%, во пакување од 1 l;
19) јогурт од кравјо млеко обичен, без додатоци, со масленост од 2,8% до 3,2%, во пакување од
1 l;
20) кисело кравјо млеко (обично, без додатоци) со масленост од 2,8% и 3,2 %, во пакување од
400g до 500g;
21) павлака од кравјо млеко, кисела, со масленост од 12% до 20%, во пакување од 180g до 400g;
22) урда;
23) традиционално кравјо бело сирење (без додатоци);
24) традиционално мешано бело сирење (без додатоци);
25) традиционален кравји кашкавал (без додатоци);
26) традиционален мешан кашкавал (без додатоци);
27) свежи јајца од кокошка, пакување 1/10;
28) масло (путер), индустриски произведен, во пакување од 250g;
29) маргарин (обичен), во пакување од 250g;
30) јаболка;
31) праски;
32) грозје трпезно;
33) лимони;
34) портокали;
35) банани;
36) исчистени ореви;
37) грав;
38) кромид;
39) компири;
40) моркови;
41) спанаќ;
42) зелка;
43) краставици;
44) корнишони;
45) лук;
46) тиквици;
47) боранија;
48) домати;
49) пиперки;
50) карфиол;
51) тикви;
52) модар патлиџан;
53) леќа;
54) магдонос;
55) брокула;
56) праз;
57) зеленчук замрзнат (мешавина), во фолија од 450g;
58) зеленчук замрзнат од пченка, во фолија од 450g;
59) зеленчук замрзнат од грашок, во фолија од 450g;
60) боранија замрзната, во фолија од 450g;
61) маслинки, црни;
62) грашок, конзервиран, во пакување од 400g;
63) ајвар од печени пиперки, тегла до 660g;
64) краставички, конзервирани, тегла до 720g;
65) печурки маринирани (сецкани), тегла до 720g;
66) шеќер кристал бел;
67) џем и мармалад;
68) чоколадо млечно обично, во пакување од 100g;
69) кечап;
70) мајонез, во тегла од 660g;
71) зачин (вегета, зачинал и сл.);
72) кафе, пржено, мелено, во пакување од 200g и
73) сок кашест (матен) овошен, од разно овошје, во тетрапак од 1 l.
Член 2
Највисоката бруто профитна маржа за стоките од членот 1 од оваа одлука за сите трговски
друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец се утврдува во вкупен износ
до 10% во трговијата на големо и во вкупен износ до 10% во трговијата на мало.
Член 3
Трговците за вршење дејност трговија на мало стоките oд член 1 од оваа одлука, кои се
поставени на полиците, фрижидерите и разладните уреди, треба јасно да ги обележат со
натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе”, кој е објавен на веб – страницата на
Министерството за економија и труд.
Член 4
Трговците за вршење дејност трговија на мало имаат обврска стоките од членот 1 од оваа
одлука, да ги прибавуваат и продаваат месечнo на потрошувачите, во количина од најмалку 70%
од количината прибавена во август 2024 година.
Трговците за вршење дејност производство и за вршење дејност трговија на големо имаат
обврска стоките од членот 1 од оваа одлука, да им ги продаваат месечно на трговците за вршење
дејност трговија на мало, во количина од најмалку 70% од количината продадена во август 2024
година.
Член 5
Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на
Република Северна Македонија“, а ќе се применува до 31 октомври 2024 година