Во Службен весник на РСМ бр. 156/2020 година се објавија најновите измени и дополнувања на Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено – економската криза предизвикана од коронавирусот COVID-19 за време на вонредна состојба („Службен весник на РСМ“, бр. 92/20).
Измените се однесуваат на продолжување на финансиската поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност и за месец јуни 2020 година со приложување на ново Барање за финансиска поддршка за исплата на финансиски средства на физички лица кои вршат самостојна дејност (ОБРАЗЗЕЦ БФС-СВД/1).
Уредбата стапи во сила на 12 јуни 2020 година.
Прилог: Уредба
