Почитувани,

Во “Службен весник на РСМ” од 30 ноември 2021  (265/2021) е објавен  ПРАВИЛНИКОТ ЗА СТАНДАРДИТЕ ЗА БИОРАЗГРАДЛИВОСТ КОИ
ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ КЕСИТЕ ЗА НОСЕЊЕ  НА СТОКИ, НАЧИНОТ НА ПУШТАЊЕ НА ПАЗАР НА БИОРАЗГРАДЛИВИ КЕСИ ОД СТРАНА НА ТРГОВЦИТЕ, КАКО И ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ОБРАЗЕЦОТ ЗА ВОДЕЊЕ НА ЕВИДЕНЦИЈА.

Правилникот се применува од 01.12.2021 година и истиот во прилог го содржи и Образецот за бројот на продадени кеси за носење на продажно место која ја водат трговците, кој секој секој 15 – ти во месецот по завршување на кварталот се доставува до Министерството за екологија.

Кесите за носење на стоки за да се пуштат на пазар, треба да содржат текст кој ги информира потрошувачите дека кесата е биоразградлива (самодекларативно тврдење на производителот за заштита на животната средина согласно стандардот МКС EN ISO 14021).

Непечатените кеси за носење на стоки се пуштаат на пазар на начин што текстот кој ги информира потрошувачите дека кесата е биоразградлива се испишува на примарното пакување од истите.

Трговците, на видно место во своите простории, треба да истакнат известување дека кесите кои се ставаат во употреба се биоразградливи кеси, произведени соодветно пропишаните стандарди за биоразградливост.

Правилник за стандардите за биоразградливост и Образец Евиденција за бројот на продадени кеси.pdf