ОБЈАВЕН НОВИОТ ЗАКОН ЗА ВРШЕЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ РАБОТИ

Во (Службен весник на РСМ 173/2022) од 01.08.2022 година објавен е новиот Закон за вршење на сметководствени работи кој влегува во сила на 09.08.2022 година.

Со влегување во сила на новиот Закон за вршење на сметководствени работИ престанува да важи постоечкиот Закон за вршење на сметководствени работи („Службен весник на Република Македонија“ број 95/12, 188/13, 27/14, 154/15, 192/15, 23/16, 190/16 и 193/17).

Со овој закон се уредуваат :

  • Условите на вршење на сметководствени работи,
  • Субјектите кои вршат сметководствени работи,
  • Условите за стекнување со статус на сметководител и овластен сметководител,
  • Организацијата и работењето на Институтот на сметководители и овластени сметководители на РС Македонија,
  • Основањето и надлежностите на Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на РС Македонија, како и
  • Други прашања кои се однесуваат на вршењето на сметководствени работи.

Со кликнување на ПОВЕЌЕ може да го превземет целиот текс на новиот Закон за вршење на сметководствени работи.