Во ”Службен весник на РСМ” бр.139/20 се објави Одлука на Уставен суд на РСМ со која:

  1. СЕ ПОНИШТУВААТ:

– Уредбата со законска сила за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба, донесена од Владата на Република Северна Македонија, број 44-2867/1 од 9 април 2020 година, („Службен весник на Република Северна Македонија” број 97/2020), и

– Уредбата со законска сила за дoполнување на Уредбата со законска сила за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба, донесена од Владата на Република Северна Македонија, број 44-3091/1 од 13 април 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија” број 100/2020),

  1. СЕ СТАВА ВОН СИЛА Решението со кое се запира извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа претходно споменатите Уредби.

Оваа одлука СТАПУВА НА СИЛА ОД од 28 мај 2020 година.