Согласно измената и дополнувањето  на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредни мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-Cov-2, случаите и временскиот период на нивна примена објавена во (“Службен весник на Р.С. Македонија” 50/2022), со примена од 08.03.2022 година, се укинаа следните мерки и препораки :

  • Се укинува мерката за задолжително поседување COVID-19 сертификат за влез во затворениот дел на  моловите, за кои останува како задолжително носењето заштитни маски,
  • Обврска за задолжително поседување на COVID-19 сертификат останува за влез во угостителските објекти каде што се служи храна/пијалак, кои се во состав на трговски центри/молови,
  • Траењето на сертификатот за прележана болест од COVID-19, наместо досегашните 45 дена, се продолжува на 180 дена од денот на оздравувањето,
  • Бремените жени повеќе НЕ СЕ ослободени од работа и работни обврски со физичко присуство на работното место,
  • Се укина барањето за задолжителен COVID-19 сертификат за излез од територијата на Република Северна Македонија.