Почитувани,
Инситутот на сметководители и овластени сметководители на РСМ (ИСОС), на својата web страна објави ПОВИК ЗА АЖУРИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ ВО РЕГИСТРИТЕ НА СМЕТКОВОДИТЕЛИ И ОВЛАСТЕНИ СМЕТКОВОДИТЕЛИ.
За ажурирање на податоците треба да се најавите на следниот линк: https://smetkovoditel.isos.com.mk и тоа во рок од 7 дена од денот на објавувањето на повикот (22.12.2022 година), односно до најдоцна до (29.12.2022 година).
Ажурирањето е потребно за доставување на податоците во Централниот регистар за цели на потпишување на годишните сметки и финансиските извештаи и во Управата за јавни приходи за цели на потпишување на даночните пријави.
Во продолжение линк од повикот за ажурирање на вашите податоци, кој е објавен на web страната на ИСОС.
