Ве известуваме дека евиденцијата за реализирани КПУ часови за овластените сметководители и сметководители за период од 2017 до 2022 година е ПОВТОРНО доставена до ИСОС за обработка од наша страна. Часовите  постепено ќе се внесуваат од страна на ИСОС и во наредниот период можете повторно да ги проверите. 
Целта на програмот на веб страницата на ИСОС е да можете во секој момент да се информирате колку КПУ часови имате во текот на годините. Вашите часови веќе се евидентирани во ИСОС и не постои можност часовите да не бидат признаени. Сега само се внесуваат во програмот за да Ви бидат достапни .
При влез на страницата на ИСОС, вие не ги потврдувате часовите туку само вашите лични податоци.
Бројот на часовите е веќе евидентиран во архивата на ИСОС.
 
Со почит,
Еуро Консалт Плус