Согласно Објавата на Министерот за финансии, објавена во Службен весник на РСМ  283/2022 година, Даночното намалување (личното ослободување) за 2023 година изнесува:

1. Даночното намалување на годишно ниво утврдено во член 10 став (2) од Законот за данокот на личен доход, за 2023 година, изнесува:

108.456,00 денари,

2. Даночното намалување согласно  член 17 став (2) од Законот за данокот на личен доход по основ на доход од работа од плата, надоместоци на плата и пензија, месечно се утврдува во износ од:

9.038,00 денари.