Согласно измената на Одлуката за  посебни услови за трговијата на одделни стоки објавена во Службен весник на РСМ .283/2022 се продолжи примената на ограничување на трговската маржа за одредени прехранбени артикли до 30 април 2023 година.

Според одлуката за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец се утврдува највисоката трговска маржа:

до 5% во трговијата на големо и во трговијата на мало за следниве производи:
– леб бел (сечен на парчиња или цел),
– шеќер бел како и
– сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло) и

до 10 % во трговијата на големо и  во трговијата на мало за следниве производи:
– брашно од пченица – тип 400 и тип 500,
– макарони и шпагети од тврда пченица,
– македонски ориз бел,
– трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%,
– јајца од кокошка,
– урда,
– кравјо бело сирење и мешано бело сирење,
– кашкавал,
– кисело млеко и павлака и
– јогурт.
 
Продолжуваат да важат одредбите според кои:

  • За производите утврдени со оваа Одлука нема да се пресметуваат оперативни трошоци и не се одобрува рабат и надоместоци кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо и тоа за рекламирање и за изложување на стоките на рафтови, односно полици (примарни и секундарни позиции) и за количински рабат за набавка,
  • Заради усогласување со оваа одредба од одлуката се склучуваат анекси кон склучените годишни договори за продажба во трговскиот ланец помеѓу добавувачите (трговците на големо) и купувачите (трговците на мало) или се склучуваат нови договори.