А) БОЛНИЧКО ЛЕКУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО

Осигуреното лице може да оствари болничко лекување во странство во случаи кога е во прашање заболување кое не може да се лекува во Републиката, а во земјата во која се упатува постои можност за успешно лекување во таа заемја.

Постапката за упатување на лекување во странство се поведува по барање на осигуреното лице.

За малолетните лица и лицата лишени од деловна способност, барањето го поднесува родителот, посвоителот или старателот.

Барањето се поднесува до Фондот за здравствено осигурување на Македонија преку подрачната служба во местото каде подносителот на барањето е пријавен во задолжително здравствено осигурување.

Осигуреното лице кон барањето (Образец 1- лекување во странство – болничко лекување) треба да го приложи следните документи:

  • предлог за упатување на лекување во странство од соодветната клиника
  • медицинска документација за текот на лекувањето
  • потврда за платен придонес за задолжително здравствено осигурување
  • здравствена легитимација на увид
  • профактура од странската здравствена установа
  • согласност за прием од странската здравствена установа
  • решение од Министерство за труд и социјална политика – Центар за социјални работи доколку осигуреното лице има својство на дете со посебни потреби

Предлогот за упатување на лекување во странство го дава конзилиумот од најмалку тројца лекари и директорот на соодветната клиника и важи три месеци од денот на издавањето.

Врз основа на предлогот за упатување на лекување во странство и приложената медицинска и друга потребна документација за текот на лекувањето во здравствените установи во Републиката односно соодветната клиника при Клинички центар – Скопје, согласност за прием на лекување во странската здравствена установа со предлог за начинот на лекување и назначување на термин за лекувањето и профактура од странската здравствена установа, оценка и мислење за потребата од лекување во странство дава Првостепената лекарска комисија за лекување во странство при Фондот.

По добиената согласност од странската здравствена установа за прифаќање на лекувањето во која е одреден термин за прием на лекување и по добиена оценка и мислење на Првостепената лекарска комисија, осигуреното лице врши уплата во износ од 20% учество од доставената профактура на странската здравствена установа, за лекување во странство.

Фондот донесува решение за упатување на лекување во странство по оценката и мислењето од Првостепената лекарска комисија и извршената уплата на учеството од 20% учество од доставената профактура на странската здарвствена установа, за лекување во странство.

Од уплата на учество од 20% во вкупните трошоци се ослободуваат деца со посебни потреби, според прописите за социјална заштита.

Својството на дете со посебни потреби осигуреното лице го докажува со решение од надлежниот Центар за социјална работа при Министерството за труд и социјална политика.

Против решението на Фондот, осигуреното лице има право на  жалба во рок од 15 дена до Второстепената комисија за уплатување на лекување во странство при  Министерство за здравство.

Фондот врши уплата на средствата за лекување во странство на странската здравствена установа за осигуреното лице кое е упатено со решение од Фондот, по закажан термин на лекување во странската здравствена установа. Упатување на болничко лекување во странство (решение на ФЗОРСМ) со двојазичен образец

Р.бр Држава Образец
 1 Австрија МК/А3-А
 2 Албанија РМ/АЛ 112
 3 Германија Д/РМ 112
 4 Италија Ит 8
 5 Луксембург РМ/Л 112
 6 Словенија РМ/СИ 4*
 7 Словачка РМ/СК 112
 8 Унгарија РМ/ХУ 112
 9 Хрватска РМ/ХР 9*
10 Црна Гора РМ/МНЕ 112
11 Чешка РМ/ЦЗ 112

Б) ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ НА ОСИГУРЕНИЦИТЕ КОИ СЕ УПАТЕНИ НА ПРИВРЕМЕНА РАБОТА ВО СТРАНСТВО

Осигуреникот кој е упатен на привремена работа во странство може да користи здравствени услуги во странство, врз основа на потврда за користење на здравствени услуги во странство на осигурениците упатени на привремена работа во странство што ја издава подрачната служба на Фондот, каде што е поднесена пријавата за задолжително здравствено осигурување.

Постапката за издавање на потврдата се поведува по барање од правното, физичкото лице и државните органи односно работодавецот.
Кон барањето ( образец бр.2 лекување во странство ) работодавецот ги  поднесува следните документи:

  • решение за уплатување на осигуреникот на привремена работа во странство
  • согласност за уплатување на работници во странство издадена од органот на управата надлежен за работни односи
  • лекарско мислење за здравствената состојба на осигуреникот издадено од здравствената установа која врши дејност медицина на трудот
  • потврда за платен придонес за задолжително здравствено осигурување
  • здравствена легитимација на увид

Ознака на потврдите, двојазични обрасци,  кои ги издава подрачната служба на Фондот по земји се наведени (тука)

По завршувањето на привремената работа во странство, работодавецот го известува Фондот за престанокот на привремената работа во странство.

Двојазични обрасци, потврди, за остварување на право на здравствени услуги по земји:

Држава Обрасци, потврди
Австрија МК/А 1; MK/A 3; и MK/A 6
Албанија РМ/АЛ 101: РМ/АЛ 123; и РМ/АЛ 128
Белгија РМ/БЕ101 и РМ/БЕ128
Босна и Херцеговина РМ/БиХ 1и РМ/БиХ 4, или РМ/БиХ 4А
Бугарија РМ/РБ 101 и РМ/РБ 114
Германија Д/РМ 101, Д/РМ 111 и Д/РМ 123
Италија Ит 1 и ИТ 3 или Ит 7
Луксембург РМ/Л 101/102; РМ/Л 123 и РМ/Л 128
Полска РМ/ПЛ 101; РМ/ПЛ 111; и РМ/ПЛ0123
Словенија РМ/СИ 1 и РМ/СИ 5
Србија РМ/СРБ101; и РМ/СРБ 128
Словачка РМ/СК 101: РМ/СК 123 и РМ/СК 128
Турција РМ/ТР 1 или РМ/ТР 2 и РМ/ТР 4
Франција SE 21-01: SE-21-04 и/или SE-21-04 А
Холандија РМ/НЛ 111
Хрватска РМ/ХР 1 и РМ/ХР 4
Унгарија РМ/ХУ 101  РМ/ХУ 111  и РМ/ХУ 123
Црна Гора РМ/МНЕ 101 и РМ/МНЕ 128
Чешка РМ/ЦЗ 101 и РМ/ЦЗ 111

В-1) ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ ВО СТРАНСТВО ВО ЗЕМЈИ СО КОИ ИМА  ДОГОВОР ЗА СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ 

Осигурените лица кои привремено престојуваат (привано или службено, студиски престој, школување и стручно усовршување, престој во врска со меѓународно – техничка, научна и културна соработка и сл.), во земји со кои Република Македонија има склучено меѓународен договор за социјално осигурување, можат да користат бесплатна итна медицинска помош, врз основа на потврда што ја издава подрачната служба на Фондот, каде што е поднесена пријавата за задолжително здравствено осигурување.

Постапката за издавање на потврдата се поднесува по барање на осигуреното лице.

Кон барањето осигуреното лице ги  приложува следните документи:

  • потврда за здравствената состојба, издадена од избраниот лекар
  • наод, оценка и мислење на лекарската комисија на Фондот

Ознака на потврдите, двојазични обрасци,  кои ги издава подрачната служба на Фондот по земји се наведени (тука)

Потврдата не се издава на осигурени лица за кои е утврдено дека боледуваат од акутни болести или акутни влошувања кај хронични болести.

В -2) КОРИСТЕЊЕ НА ИТНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ВО ЗЕМЈИ СО КОИ НЕМА ДОГОВОР ЗА СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ИЛИ ИСТИОТ НЕ БИЛ ИСПОЧИТУВАН

Осигуреното лице кое привремено престојува во странство (приватно или службено патување, студиски престој, школување и стручно усовршување, престој во врска меѓународна – техничка, научна и културна соработка и сл.) може да користат само итна медицинска помош.

Како итна медицинска помош се смета користење на здравствени услуги кои се неопходни за отстранување на непосредната опасност по животот и здравјето на осигуреното лице, додека трае таа опасност.

Итноста на случајот, времетраењето на итноста и здравствените услуги потребни за отстранување на непосредната опасност по животот и здравјето на осигуреното лице ја цени лекарската комисија на Фонодот врз основа на медицинската документација на странската здравствена установа.

Осигуреното лице кое користи здравствена заштита во итен случај е должно по завршувањето на итноста да се врати за да го продолжи лекувањето во земјата.

Ако по завршувањето на итноста осигуреното лице не се врати навреме во земјата и го продолжи лекувањето во странство, за тој период трошоците паѓаат на негов товар.

Надомест на трошоците за платените здравствени услуги во итни случаи за време на привремен престој во странство, осигуреното лице остварува врз основа на барање.

Кон барањето (образец 3 лекување во странство) осигуреното лице ги приложува следните документи:

  • мислење од лекарката комисија на Фондот за итноста на случајот и времетраењето на итноста
  • медицинска документација за извршените здравствени услуги во странство со превод од овластен преведувач
  • сметки (фактури) за платени здравствени услуги со фискална сметка со превод од овластен преведувач
  • потврда за платен придонес за задолжително здравствено осигурување
  • здравствена легитимација на увид

Здравствените услуги Фондот ги признава во полн износ, намалени за пропишаното учество за лекување во странство.

Двојазични обрасци, потврди, за остварување на право на здравствени услуги по земји:

Држава Обрасци, потврди
Австрија МК/А 3
Албанија РМ/АЛ 111
Белгија РМ/БЕ111
Босна и Херцеговина РМ/БиХ 3
Бугарија РМ/РБ 111
Германија Д/РМ 111
Италија Ит-7
Луксембург РМ/СИ 3  
Србија РМ/СРБ 111
  Словенија РМ/СИ 3
Словачка РМ/СК 111
Турција РМ/ТР 4
   Унгарија РМ/ХУ 111
Франција SE-21-04  и/или SE 21-04A
Холандија РМ/НЛ 111
Хрватска РМ/ХР 3
Црна Гора РМ/МНЕ 111
Чешка РМ/ЦЗ 111