Врз основа на член 30 став 1 алинеја 1 од Законот за трговија (*)(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 16/04, 128/06, 63/07, 88/08, 159/08, 20/09, 99/09, 105/09, 115/10, 158/10, 36/11, 53/11, 148/13, 164/13, 97/15, 129/15, 53/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.77/21, 215/21, 295/21 и 150/22), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 3 септември 2024 година, донесе Одлука за посебни услови за трговијата на одделни стоки.
Со оваа одлука се определува највисоката трговска (профитна) маржа како посебен услов во трговијата со училишен прибор и тоа:ранци и ташни;
- тетратки, блокови, нотеси, колажи;
- средства за пишување (моливи и пенкала);
- дрвени боици;
- пластелин, теста за моделирање, подлоги;
- фломастери и маркери;
- мрсни боици;
- темперни, акрилни, водени бои и четки;
- линијари и дидактички материјали;
- острилки и гуми за бришење;
- детски ножици;
- футроли, етуи и училишни додатоци;
- лепак;
- шестари, дигитрони, компаси и лупи;
- чаши за прибор и држачи;
- украсни хартија;
- папки и картонски ташни и
- материјали за изработки.
Највисоката трговска (профитна) маржа за стоките од став 1 на овој член за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо се утврдува во вкупен износ до 5 %, а во трговијата на мало се утврдува во вкупен износ до 10%.
Највисоката трговска (профитна) маржа на стоките од член 1 од оваа одлука ќе се применува до 20 октомври 2024 година.
Оваа одлука e oбјавена во „Службен весник на РСМ“ 183/2024 и истата влегува во сила со денот на објавувањето, односно од 03.09.2024 година.