Почитувани,

Врз основа на член 30-в став (2) од Законот за данокот на додадена вредност („Службен весник на Репулика Македонија“  44/99, 86/99, 8/01, 21/03, 19/04, 33/06, 101/06, 114/07, 103/08, 114/09, 133/09, 95/10, 102/10, 24/11, 135/11, 155/12, 12/14, 112/14, 130/14, 15/15, 129/15, 225/15, 23/16, 189/16, 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“  98/19, 124/19, 275/19, 267/20, 163/21, 57/22, 199/23, 3/25, 247/25 и 267/25), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 13 септември 2026 година, донесе:

Одлука за определување на видот на добрата и временскиот период на примена  на повластена даночна стапка. објавена во  Службен весник на РСМакедонја 214 од 14.09.2026 година.  

Со оваа одлука поблиску се определуваат видот на енергенсите и временскиот период на примена на повластената даночна стапка во услови на постоење на кризна состојба поради можноста за настанување на пореметувања на снабдувањета со нафта и нафтени деривати на населението.

Со одлуката се намалува стапката на ДДВ од 18% на 10%. 

Енергентите за кои се применува повластената стапка на данокот на додадена вредност од 10% се распоредени во следниве глави / тарифни броеви / подброеви / ознаки од Царинската тарифа можете да ги погледнете во одлуката која ви ја испраќаме во прилог.

(превземи одлука). 

Одлуката ке се применува од 00:01 часот на 15ти септември до 24:00 часот на 28.09.2026 година.