Согласно член 13 од Законoт за придонеси од социјално осигурување, (“Службен весник на РСМ” 142/08…148/26), Обврзник за пресметка и уплата на придонесите е:

Самовработеното лице, само за себе, со исклучок на самовработувањето лице кое данокот го плаќа според паушално утврден нето-доход согасно со Законот за данок на лучен доход, за кое Управата за јавни приходи е обвзник за пресметка на придонесите, а обврзник за уплата на придонесите е лицето само за себе.

Согласно измената на Законот за придонеси, пресметките за паушално оданочените занаетчии се изработуваат месечно преку соодветните занаетчиски Комории (како што е Занаетчиската коморта Скопје) или Управа за Јавни Приходи (УЈП).

  1. Основни информации за платата на паушалното оданочување на занаетчиите.

ФИКСЕН ИЗНОС: Паушално  оданочените занаетчии плаќаат утврден износ на данок и придонеси без обврска за водење комплетно сметководство.

РОКОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ: Обврските се подразбираат на месечно ниво, најдоцна до 15-ти во месцот за претходниот месец.

ПОДИГНУВАЊЕ НА ПРЕСМЕТКИ: Пресметките за плата/придонеси се подигаат во надлежната занаетчиска комора по што се врши уплата во Банка.

  • Основни информации за паушалното оданочување на занаетчиите

Согласно Законот за Данок на личен доход, (“Службен весник на РСМ” 241/18, 275/19, 290/20, 85/21, 274/22), паушалното оданочување претставува режим на поедноставено оданочување при кој даночните обврзници немаат обврска да водат деловни книги и деловна евиденција.

Право на паушално оданочување имаат самостојни вршители на дејност (СВД – занаетчии) кои поради определени околности, не се во состојба да водат деловни книги или на кои нивното водење значително им го отежнува вршењето на дејноста.

Ова право го имаат даночни обврзници кои дејноста ја вршат исклучиво со сопствен труд, без вработени лица.  својата дејност.

Правото на паушално оданочување не се признава кај самостоен вршител на дејност кој врши:

  • Трговска, угостителска или комисиона дејност;
    Вработува повеќе од едно лице, покрај самиот обврзник;
    Има вложувања од други лица во дејноста;
    Остварил нето-доход во годината што
    ѝ претходи на годината за која се утврдува данокот, повисок од две годишни просечни бруто-плати по работник во РСМ.


Сите самостојни вршители на дејност кои веќе се во режим на паушално оданочување или сакаат да преминат во режим паушално оданочување имаат право секоја година, најдоцна до 31 декември, да поднесат ново Барање (образец ДЛД-П) за наредната година, со цел продолжување на правото за користење на овој режим.

За новорегистрираните даночни обврзници, рокот за поднесување на Барањето за паушално оданочување (Образец ДЛД-П ) е 15 дена од денот на регистрација во соодветниот регистар или пред започнување со вршење на дејноста.

По доставените барања, Управата за јавни приходи врши теренска проверка со цел утврдување на фактичката состојба, во однос на: местото на вршење на дејноста, опременоста и површината на деловната просторија, пазарните услови, како и други релевантни околности (старост и способност на обврзникот и сл.).

За даночните обврзници кои ги исполнуваат условите, УЈП донесува Решение за паушално оданочување најдоцна до 31 јануари 2026 година, односно до крајот на месецот што следи по месецот во кој обврзникот започнува со вршење на дејноста.

Даночните обврзници кои ќе добијат Решение за паушално оданочување, истовремено добиваат и аконтативни пресметки и налози за плаќање на месечни аконтации. Уплатата на данокот се врши секој месец најдоцна до 15-ти, за претходниот месец со налогот од УЈП.