Најновите промени во системот за боледувања во РС Македонија се однесуваат согласно новиот Правилник за утврдување привремена спреченост за работа на ФЗОМ (во примена од 1 декември 2026 година) објавен во (Службен весник на РСМ, 254/2026).
Начинот на финансиската пресметка на надоместокот за привремена спреченост за работа (Боледување) не е сменет и останува ист, додека од 1 декември 2026 година стапуваат во сила нови правила за медицинските критериуми и времетраењето при отворање и продолжување на боледувањето.
1. Нови правила за одборување на боледувањето
Со измените на Правилникот, усвоени од Фондот за здравствено осигурување, се менува административната постапка за отворање и продолжување на боледувањето, но не се скратува правото на користење на боледувањто кога постои медицинска потреба, ниту се ограничува неговото времетраење кога за тоа постои медицинска потреба.
- Скратување на почетниот период од 7 на 5 дена.
Матичниот лекар самостојно врз основа на симтоми може да отвори боледување до 5 дена без специјалистички извештај, (наместо досегашните 7 дена): - Дополнителни испитувања по 5 (петтиот ден).
Доколку здравствената состојба не се подобри по 5 дена, пациентот се упатува на дополнителни дијагностички испитувања предвидени за конкретната дијагноза за да продолжи боледувањето; - Надлежност на матичниот лекар до 15 дена.
Матичниот лекар и понатаму останува надлежен да утврдува и води боледување во вкупно траење до 15 дена, но по 5-тиот ден се применуваат построги медицински критериуми и потребна е доплонителна дијагностика или мислење од специјалист; - Комисиска одлука над 15 дена.
За секое боледување подолго од 15 дена, оцената и продолжувањето на БОЛЕДУВАЊЕТО го одобрува ПРВОСТЕПЕНАТА лекарската комисија на Фондод за здравствено осигурување , со нов образец (Обрезец ПСР)- Предлог за оцена на привремена спреченост за работа;. - Засилени теренски контроли.
Фондот воведува построги проверки за спречување злоупотреби и фиктивни боледувања, при што комисиите проверуваат дали осигуреникот ги почитува лекарските препораки и мирувањето.
2. Финансиска пресметка на надоместокот за боледувањето (непромената)
Висината на надоместокот се пресметува од основицата која ја сочинува просечната месечна нето-плата на работникот исплатена во последните 12 месеци, која се дели со бројот на работни денови во месецот, при што викендите не се плаќаат.
- Првите 30 дена (на товар на работодавачот).
Работодавачот исплаќа 70% од основицата за боледување до 15 дена, односно 90% за боледување од 16 до 30 дена (согласно Општиот колективен договор;
- Над 30 дена (на товар на ФЗО).
Од 31 ден исплатата ја презема Фондот за здравствено осигурување. Услов е работникот да има најмалку 6 месеци непрекинато здравствено осигурување и редовно платени придонеси;
- Проценти на исплата преку ФЗОМ.
Фондот исплаќа 70% од основицата за општа болест или повреда надвор од работа, 85% за малигни заболувања и 100% за повреда на работа, професионална болест, бременост мајчинство или давање и органи;
- Исплата од првиот ден на товар на ФЗО.
Фондот го покрива надоместокот уште од првиот ден при нега на дете до 3-годишна возраст, бременост и мајчинство, како и при дарување крв или органи.
