Просечната плата по работник во Република Северна Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2022 година изнесува:
- 43.509,00 денари согласно објавата од Државен завод за статистика.
Просечната плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување
и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за период од месец Јануари до месец Декември 2022 година.
- Најниската основица за пресметка на придонесите за 2022 година изнесува: 21.755,00 денари (50% од 43.509,00)
- Највисока основица за пресметка на придонесите за 2022 година за примањата од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори, член на управен одбор, односно управител во трговско друштво изнесува: 696.144,00 денари (16 x 43.509,00)
- Највисока основица за пресметка на придонесите за 2022 година за самовработено лице изнесува: 522.108,00 денари (12 x 43.509,00)
Обврзниците треба да ја преземат новата верзија на клиентскиот софтвер – МПИН која го содржи новиот параметар.
ИЗНОС НА ПРОСЕЧНА ПЛАТА
(пресметки / исправки)
2022 | 2021 | 2020 | 2019 | 2018 | 2017 | 2016 | 2015 | 2014 | 2013 | 2012 | 2011 | 2010 | 2009 | ||||||||||||
43.509 | 41.141 | 38.319 | 36.017 | 34.079 | 32.877 | 32.268 | 31.644 | 30.902 | 30.595 | 30.591 | 30.349 | 29.829 | 27.507 |
НАПОМЕНА: Сите обврзници кои до овој момент имаат поднесено и исплатено конечни пресметки за Јануари 2022 година, а исплатуваат плати под најниската основица или над највисоката основица за пресметка на социјалните придонеси, треба да поднесат исправки (103) на истите, со утврдениот износ на просечната плата.