Со дополнувањата на Законот за трговија објавен во (Службен весник на  РСМ  77/21 кој влезе во сила од  6 април 2021 година, се дефинираат следните услови за вршење трговија на мало во услови на пандемија:

1) ТРГОВЕЦОТ НА МАЛО ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА Е ДОЛЖЕН :

  • ДА ПОСТАВИ ИЗВЕСТУВАЊЕ со кое ќе ги запознае потрошувачите дека секое нарушување на редот и дисциплината пред влезот и во внатрешноста на објектот во кој се врши трговија на мало ќе биде пријавено кај надлежните органи,
  • ДА ОБЕЗБЕДИ РЕДАР или ВРАБОТЕНО ЛИЦЕ ВО СВОЈСТВО НА РЕДАР од редот на вработените кога бројот на потрошувачи во објектот ќе го достигне број на лица утврдени со овој закон,

Во објектите на трговецот на мало, МОЖЕ ИСТОВРЕМЕНО ДА ПАЗАРУВААТ:

  • најмногу по едно лице на површина од секои 10 метрик вадратни,
  • само едно лице во објектите, кои се помали од 10 метри квадратни.
  • ДА ПОСТАВИ СООДВЕТНИ ОЗНАКИ со кои се обележува правецот на движење и запазување минимум потребното растојание при чекање ред на лицата пред и во објектот-ознаките се поставуваат на растојание од ДВА МЕТРИ и тоа: пред секоја каса за наплата и пред влезот на објектот и
  • ДА ОБЕЗБЕДИ ЗАШТИНА ОПРЕМА (МАСКИ) за вработените во објектот,

Вработените лица се должни заштитната опрема, да ја носат во објектите во кои се врши трговија на мало, за времетраење на работното време.

2) ГЛОБИ ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ

Доколку не се почитуваат овие мерки предвидени се следниве ГЛОБИ:

  • ЗА ТРГОВЕЦОТ ГЛОБА во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност за микро и мали трговци и од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност за средни и големи трговци,
  • ЗА ВРАБОТЕНОТО ЛИЦЕ ГЛОБА во износ од 50 евра во денарска противвредност – ако не носи заштитна опрема (маски) за времетраење на работното време.

Со последното дополнување на Законот за трговија престана да важи Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговија за време на вонредна состојба (Службен весник на Република Северна Македонија  103/20, 107/20 и 134/20).