Согласно Законот за Извршување на Буџетот на РСМакедонија за 2021 година, објавен во „Службен весник на РСМ“ 307/20 од 23.12.2020 година,

со примана од 01,01,2020 година, се враќа правото за исплата на дневница за службено патување во земјата.

Согласно член 15  од Законот, дневницата за службено патување во земјата,  се пресметува од часот на тргнувањето на работникот на службеното патување до часот на враќање со превозното средство и тоа:

  • Дневница во висина од 700,00 денари ако службеното патување траело повеќе од 12 часа и
  • Дневница во висина од 350,00 денари ако службеното патување траело од 8 до 12 часа.

Правото на дневница последен пат беше пропишано во Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2010 година.