Почитувани,

Министерството за економија на РСМ објави Известување за опфат на туристички места во РСМ за вршење на трговија на мало во недела, како и на државни празници и други празници кои се определени како неработни денови.

Известувањето Ви го прзентираме во прилог:

“Согласно последната објава на Законот за измени и дополнување на Законот за трговија (Службен весник на Република Северна Македонија бр 295/21), трговијата на мало во недела, како и на државни празници и други празници може да се врши во специјализирани продавници или киосци за продажба на сладолед, колачи и апетисани, цвеќиња, сувенири, филигранство, весници и цигари, во туристичките места утврдени со Законот за туристичка дејност.

Овие трговци може да работат во недела, како и на државни празници и други празници во период од осум часа што самите ќе го утврдат.

Согласно Законот за туристичка дејност “Туристичко место” претставува подрачје или дестинација кое како организациона и функционална туристичка целина располага со природни, културни, историски и други знаменитости од значење за туризмот, комунална, сообраќајна и туристичка инфраструктура, како и објекти и други содржини за сместување и престој на туристите.

Туризмот е стопанска гранка која го опфаќа привременото патување на луѓето од едно до друго место заради задоволување на културни, рекреативни, здравствени и други потреби.

Развојот на туризмот зависи од повеќе природно – географски, антропогени и материјални фактори.

Природно – географските туристички мотиви ги опфаќаат: Релјефните одлики, климатските прилики, хидрографските услови, растителниот и животинскиот свет.

Антроподените фактори ги опфаќаат културно – историските споменици (археолошки наоѓалишта, сакрална архитектура, споменици), етносоцијалните (духовна и материјална култура манифестациските вредности (разни културно – просветни и забавни манифестации).

Во Република Северна Македонија се присутни скоро сите услови како фактори за разој на туризмот. Како најзначајни туристички места се сметаат:

1. Езерски туристички места

Езерски туристички места во Република Северна Македонија се Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро. Тие имаат чиста и релативно топла вода, пријатна за капење. Покрај нив се изградени поголем број туристички објекти (хотели, мотели и ресторани). Охрид, Струга, Дојран и Преспа.

2. Планински туристички места

Планински туристички места во Република Северна Македонија има повеќе. Најпривлечни и најразвиени се: Попова Шапка на Шар Планина, Маврово на Бистра, Нижеполе и Копанки на Пелистер, Крушево на Бушева Планина и Пониква на Осоговските Планини.

Тие имаат услови за летен рекреативен, зимско-спортски и за ловен туризам. Во некои од нив се присутни карактеристични населби како што се: Галичник кој е познат по манифестацијата Галичка свадба, Крушево како највисок град на Балканот, со мошне пријатна клима, Маврово како комбиниран зимско-спортски и езерски центар.

3. Рурален и алтернативен туризам

Според „(WTO)„ Светска туристичка организација Поимот „Рурален Туризам„ се користи тогаш кога руралната култура е клучна компонента на производот и понудата на дестинацијата. Како издвоени примери за развиен рурален туризам во Република Северна Македонија можат да се наведат: Берово, Брајчино и Вевчани.

4. Скопје како туристичка дестинација

Имајки предвид дека Скопје е главна туристичка дестинација согласно бројот на туристи во Република Северна Македонија како најатрактивни туристички места во Скопје може да се одвојат: Старата Скопска Чаршија, Скопскиот плоштад, Кањонот Матка, и Скопското Кале.

5. Стари чаршии како туристичка атракција

Имајки предвид дека во Република Северна Македонија речиси во сите поголеми градови имаат чаршии кои се атрактивни како за домашни така и за странски туристи може да се одвојат за најзначајни и тоа: Старата Скопска Чаршија, Охридската, Струшката, Битолската и Прилепската Чаршија. “