По однос на почестите прашања од подрачните служби како и од фирмите за тоа како да се
регулира правото на надоместок на плата за време на привремена спреченост за рабоа на
вработените лица кои имаат симптоми и се заболени од COVID – 19 (Коронавирус), на лица кои
се во изолација заради спречување на зараза но се асимптоматични (односно немаат знаци на
болеста) а за кои е констатирано дека се заболени од COVID – 19 (Коронавирус) како и за лица
кои се во изолација (карантин) заради спречување на зараза но за истите не е потврдено дека
се заболени од COVID – 19 (Коронавирус), Ве известуваме за следното:
Согласно член 13 од Законот за здравственото осигурување, правото на надоместок на плата за
време на привремена спреченсот за работа поради болест и повреда можат да остварат само
осигурените лица кои се во работен однос, во случај на:

  1. Болест и повреда надвор од работа;
  2. Повреда на работа и професионална болест;
  3. Лекување и медицинско испитување;
  4. Негување на болно дете до тригодишна возраст;
  5. Негување на болен член на потесно семејство над тригодишна возраст, но најмногу до
    30 дена;
  6. Неопходно придржување на болно лице, упатено на преглед или лекување надвор од
    местото на живеење;
  7. Неопходно придржување на болно дете до тригодишна возраст додека е на болничко
    лекување, но најмногу до 30 дена;
  8. Доброволно давање на крв, ткиво или орган и
  9. Надоместок заради спречување на зараза
  10. Остварување на право на боледување на вработени лица кои имаат симптоми и се
    заболени од COVID – 19 (Коронавирус)
    Вработените лица кои имаат симптоми и се заболени од COVID – 19 (Коронавирус), ќе го
    остварат своето право на надоместок на плата за време на привремена спреченост за работа
    согласно член 13 став 1 точка 1 од Законот за здравственото осигурување односно избраниот
    лекар ќе им издаде ИСР образец по основ на болест за која надоместокот на плата за првите
    30 дена спреченост за работа го утврдува и исплатува работодавецот од своите средства, а над
    30 дена Фондот.