Измените во Законот за трговија објавени во (Службен весник на Република Македонија” 295/2021 ) , а кои се однесуваат на работењето во недела се ке се применуваат од 1 јануари 2022 година.
- ЗАБРАНА ЗА ВРШЕЊЕ НА ТРГОВИЈА НА ГОЛЕМО И МАЛО ВО НЕДЕЛА И ДРЖАВНИ ПРАЗНИЦИ
Согласно измената член 25 од Законот, трговија на големо и трговија на мало не може да се врши во недела,
како и на државни празници и други празници кои се определени како неработни денови согласно со закон.
По исклучок, трговијата на мало може да се врши само :
Во специјализирани продавници или киосци за продажба на сладолед, колачи и апетисани, цвеќиња, сувенири, филигранство, весници и цигари, во туристичките места утврдени со Законот за туристичка дејност, во период од 8 часа што сами ќе го определат;
- Во продавниците на бензински станици во чии рамки се врши трговија на мало претежно со храна,пијалоци и тутун, во период од 00,00 до 24,00 часот;
- Во продавници, киосци и штандови во трговските центри (молови) кои имаат минимална ефективна површина за трговија на мало од 8.000 м2, во перодот од 10,00 до 20,00 часот;
- На штандови и киосци каде што се продава добра за време на спортски настани, фестивали и манифестации, саеми и за време на јавната проекција на кинематографски дела;
- Во продавници за трговија на мало со храна (без зеленчук и овошје), пијалоци и тутун во кои трговијата се врши лично само од сопственикот на продавницата, во период од 8 часа што сами ќе го определат; и
- На зелени пазари.
2. ДЕН НА НЕДЕЛЕН ОДМОР И ДОДАТОК НА ПЛАТА ВО ТРГОВИЈА НА МАЛО
За работниците кај трговците на мало за кои важат претходно споменатите исклучоци, ден на неделен одмор може да биде друг ден во неделата, согласно закон.
3. РАБОТНО ВРЕМЕ ВО ТРГОВИЈА
Согласно изменетиот член 25 од Законот, кој се однесува на работното време, Трговците на мало се должни да го почитуваат работното време за работа во недела и празници и тоа:
- Продавниците што се наоѓаат во колективни станбени згради и деловно станбени згради не можат да почнат со работа пред 6:00 часот и мора да завршат со работа до 23:00 часот.
4. ПРИЈАВУВАЊЕ НА РАБОТА ВО НЕДЕЛА И ДРЖАВНИ ПРАЗНИЦИ
Трговецот на големо и трговецот на мало, го утврдува работното време на:
- Продавниците,
- Киосците,
- Автоматите,
- Штандовите,
- Зелените пазари,
- Магацините,
- Складовите,
- Деловните простории,
- Продавниците,
- Штандовите и
- Киосците во трговските центри (молови) и
- Бензинските станици зависно од бројот на вработените.
Должината и распоредот на работното време, што трговецот го утврдил, треба да се усогласат со правата, обврските и одговорностите на вработените, утврдени со прописите од областа на работните односи.
Усогласеноста е особено во поглед на распоредувањето на работното време и прекувремената работа, ноќната работа, дневниот, неделниот и годишниот одмор и другите отсуства од работа и во согласност со ограничувањата утврдени со прописите од областа на заштита од бучава
Трговците кои можат да работат во недела се должни да го пријават работното време во недела и на празници.
Според овој член трговецот е должен часот на почетокот и часот на завршувањето на работното време, времето за пауза и распоредот на работното време да го пријави на Централниот регистар најмалку 15 дена пред почетокот на работењето, односно пред измената на часот на почетокот и часот на завршувањето на работното време, времето за пауза и распоредот на работното време.
5. ДОДАТОК НА ПЛАТА ЗА РАБОТА ВО НЕДЕЛА И ДРЖАВНИ ПРАЗНИЦИ
Додатокот на плата за овие работници за работа во недела и на празници изнесува најмалку 100%, за секој час поминат на работа.
6. НАДОМЕСТОК НА ТРГОВЦИТЕ КОИ ЌЕ РАБОТАТ ВО НЕДЕЛА
Се воведува надоместок во висина од 2% од вкупниот приход остварен во претходната година во недела и на празници, за трговците на мало:
- продавници на бензински станици во чии рамки се врши трговија на мало претежно со храна,пијалоци и тутун;и
За продавниците на бензиските станици за остварен приход ќе се смета само приходот остварен од продажба на храна, пијалоци и тутун, без прометот од продажбата на нафтени деривати.
- продавници, киосци и штандови во трговските центри (молови) кои имаат минимална ефективна површина за трговија на мало од 8.000 м2.
Наплатениот надоместок ќе се инвестира во детски градинки согласно со закон.
Надоместокот се уплатува секоја година до 15 јануари во тековната година на сметка на Буџетот на РСМ согласно со закон.
Овие трговци се должни десет дена пред да го уплатат надоместокот да ја достават потврдата од Централен регистар за пријавено работно време, до Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд.
