Во Службен весник на РСМакедонија  85/2021 година се објави Измената на Законот за данокот на личен доход кoja стапи во сила на 19 април 2021 година, а се однесува на:

1. Ослободувањето од плаќање на Аконтациите за данокот на личен доход.

         Обврзниците на данокот на личен доход кои остваруваат доход од самостојна дејност и кои имаат претрпено штети во своето работење поради ширење на Коронавирусот COVID-19, имаат право на ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход за месеците МАРТ, АПРИЛ и МАЈ/ 2021 година.

За користење на оваа можност, вршителите треба да поднесат Барање за ослободување од плаќање на аконтации до 10-ти наредниот месец за месецот за кој се бара ослободување.

2. Пресметување данок на само 50% од утврдениот паушален нето-доход за 2020 година.

Обврзниците на данокот на личен доход кои остваруваат доход од вршење на занаетчиска дејност и се оданочуваат според паушално утврден нето-доход и на кои им е веќе утврден паушален нето-доход согласно со член 29 од ЗДЛД, за 2021 година им се пресметува данок на само 50% од утврдениот паушален нето-доход за 2020 година.

3. Утврдување на паушален нето-износ на обврзници кои започнуваат со вршење на занаетчиска дејност

Обврзниците кои започнуваат со вршење на занаетчиска дејност во текот на 2021 година, им се утврдува паушален нето-доход согласно со член 29 од Законот, во износ од 50% од паушалниот нето-доход утврден на обврзниците кои ја вршеле истата занаетчиска дејност во 2020 година, сразмерно за периодот во кој ја вршат дејноста.