Денес 10.11.2020 година е последен ден за поднесување на МПИН за плата за месец ОКТОМВРИ и сите обврзници имаат обврска да го поднесат заклучно со денешен ден.

Барањето за финансиска поддршка БФП-ИП2, дополнително ќе биде достапно преку е-ппд системот и ќе се поднесува и после 10.11.2020 година, без санкции и други забрани.

Доколку се добие потврда за финансиската поддршка, пред да се исплати платата, се поднесува нов МПИН со шифра 5001.

Во случај платата да се исплати пред добивање на одобрено барање за поддршка, се врши корекција со шифра 103.

Во ниеден од случаите правото на стекнување на финансиката поддршка не се доведува во прашање, без оглед дали ќе се поднесува нов МПИН или со 103 шифра, ќе се врши исправка на веќе исплатената плата.