Во Службен весник на РСМ 166/2020 од 20.06.2020 година објавена е Одлуката за измена на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирусот КОВИД- 19 во кои се наведени новите Протоколи за отворање и работа на кафетериите и отворање и работа на угостителските објекти за исхрана дадени како прилог на Одлуката.
Одлуката стапува во сила од 21.06.2020 година.
Прилог бр.7
Протокол за отворање и работа на кафетерии
- Вработените во угостителскиот објект кои послужуваат задолжително носат заштитни маски и зачестено одржуваат хигиена на раце.
- Се дозволува работа само на отворените деловитерасите од кафетериите кои се од три страни отворени со кровна конструкција.
- Се ограничува бројот на гости, само на тие кои може да седат.
- Не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси.
- Задолжително менаџирање при влегување на гостите од одредено одговорно лице пред влезот на угостителскиот објект.
- Во просторот за послужување на гости, каде има поставено маси, да се обезбеди растојание од столче до столче од 1,5-2m со соседните маси во сите правци.
- На една маса со четири столици може да седат и да се послужуваат максимум две лица.
- На една маса со четири столици може да се послужуваат четири лица доколку се од исто семејство.
- Задолжително поставување на дезинфекционо средство за раце на секоја маса.
- Засилени внатрешни контроли на вработените лица од страна на одговорно лице за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на пијалоци.
- Засилени санитарно-хигиенски мерки, задолжително пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, по заминување на секоја тура на гости.
- На крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
- Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
- Забрането е користење на сушачи за раце во тоалетите и задолжително користење на хартиени бришачи за раце за еднократна употреба.
- Забрането организирање на прослави (веселби, родендени и сл.)
Прилог бр.8
Протокол за отворање и работа на угостителските објекти за исхрана
- Вработените во угостителскиот објект кои послужуваат задолжително носат заштитни маски и зачестено одржуваат хигиена на раце.
- Се дозволува работа само на отворените делови од угостителските објекти за исхрана со послужување, кои се од три страни отворени со кровна конструкција.
- Се ограничува бројот на гости, ќе се послужуваат само гости кои може да седат и лица кои преку шалтер ќе подигнуваат нарачки.
- Не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси.
- Задолжително менаџирање на влегување на гостите. Одредено одговорно лице пред влезот на угостителскиот објект.
- На отворениот простор за послужување на гости каде има поставено маси, да се обезбеди растојание од столче до столче од 1,5-2m со соседните маси во сите правци.
- На една маса со четири столици може да седат и да се послужуваат максимум две лица.
- На една маса со четири столици може да се послужуваат четири лица доколку се од исто семејство.
- Дозволен е максимален број на 12 лица на споени маси заедно со задолжително растојание помеѓу секој гостин од 1.5m.
- Задолжително поставување на дезинфекционо средство за раце на секоја маса.
- Засилени внатрешни контроли на вработените лица од страна на одговорно лице за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на храна.
- Засилени санитарно-хигиенски мерки, пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот при заминување на гостите од секоја маса. .
- На крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
- Забрането е користење на сушачи за раце во тоалетите и задолжително користење на хартиени бришачи за раце за еднократна употреба.
- Забрането организирање на прослави (свадби, родендени, крштевки и сл.).
