НОВО ДАНОЧНО НАМАЛУВАЊЕ ЗА 2025 ГОДИНА 10.270,00 ДЕНАРИ
Согласно објавата на Министерство за финасии бр.23-7532/1.од 26.12.2024 година, Месечниот износ на даночното намалување (Месечно лично ослободување) за 2025 година изнесува:
10.270 денари,
а Годишниот износ изнесува:
123.240 денари.
Даночното намалување се користи за пресметка на данокот на доход од плата, надоместоци на плата и пензија.
Новото даночно намалување прв пат ќе се користи за пресметка на платата за Јануари 2025 година.
