Почитувани,
Во „Службен весник на РСМ“ 246 од 16.11.2022 година објавен е Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза, со примената за период од четири месеци, со исплата од 16. ДЕКЕМВРИ/2022 година.
Корисници на финансиска поддршка, се лица од социјално ранилива категорија на граѓани и тоа:
1. Корисници на право на социјална сигурност на стари лица, се лица со навршени 65 годишнавозраст, кои согласно со Законот за социјална сигурност на старите лица, користат право на социјална сигурност и се евидентирани во центрите за социјална работа.
ФИНАСИСКА ПОДДРШКА ВО ВИСИНА ОД 3.000 денари , исплата од Министерство за труд и оцијална политика .
2. Корисници на посебен додаток, се родителите, старателите или лице на кое со решение на надлежниот центар за социјална работа му е доверено детето и живее во семејството со него, истото е со попреченост до 26 годишна возраст согласно Законот за заштита на децата.
ФИНАСИСКА ПОДДРШКА ВО ВИСИНА ОД 3.000 денари , исплата од Министерство за труд и оцијална политика
3. Корисници на правото на надоместок заради попреченост, се лица со навршена 26 годишна возраст, а најмногу до 65 годишна возраст, со тешка или длабока интелектуална попреченост, со најтешка телесна попреченост,потполно слепо лице и потполно глуво лице.
ФИНАСИСКА ПОДДРШКА ВО ВИСИНА ОД 3.000 денари , исплата од Министерство за труд и оцијална политика
4. Лица со попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост, без потреба од контролен преглед, се лица со навршени 26 години возраст, со умерена, тешка или длабока интелектуална попреченост, со потешка и најтешка телесна попреченост и потполно слепи лица, со трајни промени во здравствената состојба утврдена со наод, оцена и мислење за потребата од помош и нега од друго лице донесен од стручна комисија без потреба од контролен преглед, на кои им е неопходна помош и нега од друго лице, заради тоа што не може само да ги врши основните активности од секојдневниот живот, а не користат право на надоместок заради попреченост.
ФИНАСИСКА ПОДДРШКА ВО ВИСИНА ОД 3.000 денари , исплата од Министерство за труд и оцијална политика
5. Самохрани родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош, се родители кои се корисници на гарантирана минимална помош евидентирани во центрите за социјална работа, кои сами ги вршат родителските права и должности за детето, поради тоа што другиот родител е непознат, починат, исчезнат или од оправдани причини привремено или трајно не ги извршува родителските права и должности, до започнување на основното образование на детето, но најдоцна до седум годишна возраст на детето, а заклучно до третото дете.
ФИНАСИСКА ПОДДРШКА ВО ВИСИНА ОД 3.000 денари , исплата од Министерство за труд и оцијална политика
6. Корисници на пензија, се државјани на РСМ кои се стекнале со право на пензија или на сразмерен дел на пензија во РСМ и живеат во РСМ, кои заклучно со месецот на влегувањето во сила на овој закон (НОЕМВИ/2022 година), оствариле доход по основ на пензија во висина не поголема од 11.525 денари месечно, и за корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија во висина од 11.526,00 денари. и не поголема од 14.000 денари месечно, односно во висина не погoлема од 14.000, согласно податоците од евиденцијата на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на РСМакедонија.
ФИНАСИСКА ПОДДРШКА ВО ВИСИНА ОД 1.500 денари , по основ на пензија во висина не поголема од 11.525 денари месечно и 750 денари месечно и по основ на пензија во висина од 11.525 денари до 14.000 месечно, исплата од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на РСМакедонија.
7. Корисници на право на надоместок за телесно оштетување, се лица кои ова право го користат согласно Законот за пензиското и инвалидското осигурување.
ФИНАСИСКА ПОДДРШКА ВО ВИСИНА ОД 750 денари , исплата од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на РСМакедонија.
8. Невработени лица-корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок, се лица кои ова право го користат согласно Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата.
ФИНАСИСКА ПОДДРШКА ВО ВИСИНА ОД 3.000 денари , исплата од Агенцијата за вработување на РСМакедонија
Исплатата на финансиската поддршка за сите корисници, ќе се врши без поднесување на барање од страна на корисниците, врз основа на списоци на корисници на финансиска поддршка, изготвен врз основа на податоците од евиденциите на наведените Институции.
На веб страната на Министерството за труд и социјална политика, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија се објавуваат списоците на корисниците на финансиската поддршка најдоцна до 5-ти во месецот и датумот кога ќе се врши исплата на финансиската поддршка.
Примената финансиска поддршка, согласно со одредбите од овој закон, не се оданочува со данок на личен доход согласно со Законот за данокот на личен доход.
Финансиската поддршка ќе се исплаќа на корисници , започнувајќи од наредниот месец од денот на влегувањето во сила на овој закон, во траење од четири последователни месеци, почнувајки од 15 ДЕКЕМВРИ 2022 година.
Финансиската поддршка ќе се исплаќа и на корисниците кои ќе се стекнат со право на финансиска подршка, во текот на траењето на периодот на финансиската поддршка, а исплатата ќе се врши за преостанатиот период на финансиската поддршка од денот на стекнувањето на правото.
