Почитувани,
Во „Службен весник на РСМакедонија” 154/2023, од 20 Јули 2023 година објавен е НОВИОТ Општ колективен договор за ЈАВНИОТ сектор.
Со овој колективен договор се уредуваат и доуредуваат правата, обврските и одговорностите на работниците и работодавачите од работен однос во јавниот сектор на РСМакедонија и условите и начинот на остварување на правата и обврските од работен однос, во согласност со Закон.
РАБОТОДАВАЧ согласно член 2 од Колективниот договор е :
- Орган на државната и на Локалната власт и друг државен орган основан согласно Уставот на РСМакедонија и Закон, како и институција која врши дејност од областа на:
- Образованието,
- Науката,
- Здравството,
- Културата,
- Трудот,
- Социјалната заштита и заштитата на детето,
- Спортот,
како и во други дејности од јавен интерес утврдени со закон, а организиран како:
- Агенција,
- Фонд,
- Јавна установа и
- Јавно претпријатие основано од Република Северна Македонија или од општина, од градот Скопје, како и од општина во градот.
РАБОТНИК согласно колективниот договор е лице кое засновало работен однос кај работодавач од член 2 на овој колективен договор.
Овој колективен договор стапува ќе се применува од денот на неговото објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија” – 20 Јули 2023 година.
Новиот ОКДЈС можете да го преземете на следниот линк: