1. ДДВ ОБВРЗНИЦИ ШТО НЕ СЕ УГОСТИТЕЛИ (ПРИМЕР: ПЗУ Продавачи на погребна опрема)

    Рок: НАЈДОЦНА ДО 01.07.2021 година

НАЈДОЦНА ДО 1 јули 2021 година согласно последната промена на Правилникот за техничките и функционалните карактеристики на интегрираниот автоматски систем на управување (“Службен Весник” 5/2021 од 08.01.2021 година) се допрецизира одредбата на членот 7 од Измената и Дополнувањето на Правилникот за фискалната опрема (“Службен Весник” 315/2020), обврзниците, кои не се во групата на угостители (на пример, приватни здравствени установи, продавачи на погребна опрема), имаат обврска да ЗАПОЧНАТ да користат надграден софтвер на фискалните системи на опрема за евидентирање на: прометот на добра и услуги кој е ослободен од ДДВ, за што се користеше ознаката „В“, така што ќе се користи ознаката „Г“,.

2. СУБЈЕКТИ КОИ НЕ СЕ РЕГИСТРИРАНИ ДДВ ОБВРЗНИЦИ

Согласно со членот 9 од Измена и Дополнувањето на Правилникот за фискалната опрема (“Службен Весник” 315/2020), кај обврзници кои не се регистрирани за ДДВ нема да се врши надградба на фискалниот систем, туку ќе го користат постоечкиот фискален систем, затоа што ознаката „Г“ продолжува да важи за истите (за нерегистрирани за ДДВ и според измените за даночно ослободен промет).