Во Службен весник на РСМ број 192 од 14 Септември 2023 година објавена е Одлука на Владата за Забрана на трговците да вршат трговија со одделна стока.
Со оваа Одлука се забранува на трговците кои вршат трговија на мало на земјоделски и прехранбени производи да нудат акциска продажба (акција) и промотивна продажба (промоција), со исклучок на алкохолни и безалкохолни пијалоци, при нивно ставање во промет.
Одлуката влегува во сила со денот на објавување во Службен весник, односно од 14 Септември 2023 година до 30 ноември 2023 година.