Во Службен весник на РСМ 78 од 11 април 2023 година објавена е Одлука за изменување на Одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало со која е измена се објавени се нови зголемени цени на одделни производи на зеленчук и овошје во трговијата на мало и на зелените пазари кое ќе се применуваат во периодот од 11 април до 30 април 2023 година.

Највисоките цени на производите согласно Одлука, во трговијата на мало, се утврдуваат во висина:

до 95 денари за килограм свежи домати,

– до 95 денари за килограм свежи краставици,

– до 70 денари за килограм кромид,

– до 100 денари за килограм свежи зелени пиперки,

– до 95 денари за килограм грав,

– до 110 денари за килограм леќа,

– до 75 денари за килограм банани,

– до 60 денари за килограм портокали,

– до 65 денари за килограм мандарини и

– до 60 денари за килограм лимони.“

Во прилог измените на Одлуката (Превземи)