Во Службен весник на РСМ 70/2023 се објави Одлука за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало и истата влезе во сила на 30.03.2023 година.
Со оваа одлука се определуваат највисоките цени во трговијата на мало на следните производи:
– тоалетна хартија,
– влажни марамчиња,
– пелени за деца и возрасни (дајперси) и
– хигиенски влошки.
Највисоките цени на претходно наведените производи се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 20 март 2023 година, во трговијата на мало, кои цени се намалуваат за 13%.
НАПОМЕНА : Оваа одлука ќе се применува до 31 мај 2023 година.
