Во “Службен Весник на РСМ” 44 /2023 година, објавена е Одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало.
Со оваа одлука се определуваат највисоките цени во трговијата на мало на леб бел и полубел (сечен на парчиња или цел).
Највисоките цени на производите од ставот 1 на овој член се утврдуваат во висина на цена која изнесува 33 денари по леб со тежина која изнесува 450 грама
и повеќе, а со тежина под 450 грама, се утврдува во висина до 33 денари по леб, која цена ќе биде во сооднос со тежината на лебот.
Највисоките цени на производите од членот 1 од оваа одлука ќе се применуваат до 31 мај 2023 година.
Одлуката влезе во сила од 28.02. 2023 година, со примена до 31.05. 2023 година.