Член 1

Со оваа одлука се определува највисоката трговска маржа како посебен услов во трговијата со следните производи:

– леб бел (сечен на парчиња или цел);

– шеќер бел;

– сончогледово масло за јадење (без ладно цедено

– масло);

– брашно од пченица – тип 400 и тип 500;

– макарони и шпагети од тврда пченица;

– македонски ориз бел;

– трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и

– 3,5% ,

– јајца од кокошка,

– урда,

– кравјо бело сирење и мешано бело сирење,

– кашкавал,

– кисело млеко и павлака и

– јогурт.

Највисоката трговска маржа за стоките од став 1 алинеите 1, 2 и 3 на овој член за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец се утврдува до 5% во трговијата на големо и до 5% во трговијата на мало.

Највисоката трговска маржа за стоките од став 1 алинеите 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12 и 13. на овој член за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец ланец се утврдува до 10% во трговијата на големо и до 10% во трговијата на мало.

Производителите кои ги произведуваат стоките од ставот 1 на овој член се опфатени во трговскиот ланец на трговијата на големо.

Член 2

За стоките од член 1 став 1 од оваа одлука не се пресметуваат оперативни трошоци и не се одобрува рабат и надоместоци кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо и тоа за рекламирање и за изложување на стоките на рафтови односно полици (примарни и секундарни позиции) и за количински рабат за набавка.

Заради усогласување со ставот 1 на овој член, се склучуваат анекси кон склучените годишни договори за продажба во трговскиот ланец помеѓу добавувачите (трговците наголемо) и купувачите (трговците на мало), или се склучуваат нови договори.

Член 3

Највисоката трговска маржа на стоките од член 1 на оваа одлука ќе се применува до 30 ЈУНИ 2023 година.

Член 4

Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.