Член 1
Со оваа одлука се определуваат посебните услови за трговија, највисоките цени во трговијата на мало, како и обврската на трговците кои претставуваат правни и физички лица кои се регистрирани за вршење дејност производство и за вршење дејност трговија на големо и на мало во соодветен регистар согласно со закон, да ги прибавуваат и продаваат следните производи/стоки:
1) ориз бел, во пакување од 900 g до 1kg;
2) брашно пченично тип 400 и тип 500;
3) бел и полубел леб, векна, индустриски тип 450 g
(цел и на парчиња), со исклучок на свежо печен леб во
маркетите;
4) други пекарски производи;
5) бисквити „Petit Beurre“ и бисквити обични и посни од 300
до 500g;
6) наполитанки, со фил од какао крем (обични, непрелиени)
од 300 до 500 g;
7) тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица обични) без
и со јајца од 500 g;
8) јунешко месо без коски, од бут или некој друг дел;
9) свинско месо без коски, од бут или некој друг дел;
10) мелено месо свинско и јунешко;
11) пиле свежо или замрзнато (цело);
12) пилешки стек свеж или замрзнат;
13) чаен колбас (јунешки, свински и говедски) без
додатоци и без слајс пакување;
14) пилешка посебна салама (без слајс пакување);
15) паштета од џигер и пилешка (без додатоци) во
пакување од 95 и 100 g;
16) трајно кравјо млеко (освен органско млеко и млеко со додатоци)
со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, во пакување од 1 l;
17) јогурт од кравјо млеко обичен (без додатоци) со масленост
од 2,8% до 3,2%, во пакување од 1 l и 1,5 l;
18) кисело кравјо млеко (обично, без додатоци) со масленост
од 2,8% и 3,2%, во пакување од 300 до 500g;
19) павлака од кравјо млеко со масленост од 12% до 20%, во
пакување од 180 или 200 g;
20) традиционално кравјо бело сирење и мешано бело сирење
(без додатоци);
21) традиционален кравји и мешан кашкавал (без додатоци);
22) свежи јајца од кокошка;
23) свежо овошје и
24) свеж зеленчук.

Член 2
Највисоките цени на производите/стоките од членот 1 од оваа одлука се утврдуваат на нивото на цените (со исклучок на цените на акциска продажба) кои се применувале на 1 август 2023 година, во трговијата на мало, кои цени се намалуваат најмалку за 10%.

Член 3
Трговците за вршење дејност производство и дејност трговија на големо, за производите/стоките од член 1 од оваа одлука одобруваат рабат и други надоместоци кон трговецот за вршење дејност трговија на мало, во висина до 5%.

Член 4
Трговците за вршење дејност трговија на мало производите/стоките oд член 1 од оваа одлука, кои се поставени на полиците, фрижидерите и разладните уреди, треба јасно да ги обележат со натписот „гарантирана цена”, кој е објавен на веб-страницата на Министер-
ството за економија.

Член 5
Трговците за вршење дејност производство и за вршење дејност трговија на големо имаат обврска производите/стоките од членот 1 од оваа одлука, да им ги продаваат месечно на трговците за вршење дејност трговија на мало, во количина од најмалку 70% од количината продадена во месец август 2023 година.

Член 6
Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“ (20.09.2023), а ќе се применува до 30 ноември 2023 година.