Согласно член 37 став (4) од Законот за финансиска поддршка на инвестиции („Службен весник на РМ“  83/18 и „Службен весник на РС Македонија“ бр.98/19, 124/19 и 178/21), за доделување за доделување на финансиска поддршка деловниот субјект најдоцна до 31 мај во тековната година поднесува барање за доделување на финансиска поддршка до надлежните органи.

Кон барањето се доставува и Писмо на намери, Деловен план за инвестициски проект и Финансиски из вештаи за последните три години или за пократок период во зависност од датумот на кој деловниот субјект е основан или започнал со дејност.

Барањето за доделување на финансиска поддршка за инвестициски проекти во технолошко индустриски развојни зони се поднесува до:

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони.

Барањето за доделување на финансиска поддршка за инвестициски проекти надвор од технолошко индустриски развојни зони се поднесува до:

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на РС Македонија.

Кон барањето се поднесува следната документација:

  • Писмо на намери дадено во Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник;
  • Деловен план за инвестициски проект даден во Прилог 3 кој е составен дел на овој правилник;
  • Тековна состојба за деловниот субјект издадена од Централниот регистар на Република Северна Македонија, не постара од 60 дена;
  • Потврда од Централен регистар на Република Северна Македонија дека над деловниот субјект не е отворена стечајна постапка, не постара од 60 дена;
  • Потврда од Централен регистар на Република Северна Македонија дека над деловниот субјект не е отворена постапка за ликвидација, не постара од 60 дена;
  • Потврда од Царинската управа дека деловниот субјект нема неплатен долг по основ на царина и други увозни давачки, не постара од 60 дена;
  • Уверение од Управата за јавни приходи дека нема настанати и ненамирени даночни обврски, не постаро од 60 дена;
  • Годишни сметки со финансиски извештаи за последните четири години или за пократок период во зависност од датумот на кој деловниот субјект е основан или започнал со дејност;
  • Нотарски заверена изјава на застапникот по закон на подносителот на барањето, под полна материјална, кривична и морална одговорност за точност и веродостојност на сите податоци кои барателот ги приложува со барањето од член 2 на овој правилник;
  • Извод од Централен депозитар за хартии од вредност кога подносителот на барањето е основач на Акционерско друштво, дека поседува најмалку 51% од сопственоста на деловниот субјект за подносителите на барање за финансиска поддршка од член 33 од Законот за финансиска поддршка на инвестиции;
  • Копија од акционерската книга за подносителите на барање за финансиска поддршка од член 33 од Законот за финансиска поддршка на инвестиции.
  • Подносителите на барање за финансиска поддршка од член 33 од Законот за финансиска поддршка на инвестиции покрај документите од став 1 на овој член, треба да поднесат и Потврда од надлежен орган на странска држава за пријавено живеалиште или привремен престој за државјани на Република Северна Македонија.

ПРИЛОГ БАРАЊЕ