Почитувани,
Во „Службен весник на РСМ“ бр.303/21 се објави Правилникот за
формата и содржината на Барањето за претворање на примената финансиска поддршка
во грант на физички лица кои вршат самостојна дејност (ОБРАЗЕЦ “Б-ПФПГ/СВД”).
Согласно член 8 од Законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат
самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од
вирусот COVID-19, за месеците февруари и март 2021 година „Сл. Весник на РСМ“
бр.85/21, Барањето за претворање на примената финансиската поддршка во
грант Б-ПФПГ/СВД физичките лица кои вршат самостојна дејност се должни да го
достават до УЈП најдоцна до 15 јануари 2022 година.
Заедно со барањето како прилог се доставуваат и:
- Фактури за извршените набавки и,
- Изводи од носител на платен промет како доказ за извршеното плаќање на фактурите.
