Согласно Објавата на Народна банка на Р.С.М. бр. 02-15997/1 од 30.06/2020 година, Референтната стапка за пресметување на стапката на казнена камата, за период од 01.07. до 31.12./2020 година изнесува:1,50%.
Согласно Објавата на НБРМ од 1 јули повторно се враќаат во примена одредбите од член 266-а од Законот за облигационите односи според кои казнената камата во период од 1 јули до 31 декември 2020 година за побарувањата кои гласат во денари и кои произлегуваат од трговските договори и договорите меѓу трговци и лица на јавното право е референтната стапка зголемена за 10 процентни поени, односно за побарувањата кои гласат во денари и кои произлегуваат договорите во кои барем едно лице не е трговец односно е физичко лице е референтната стапка зголемена за 8 процентни поени.
ПРЕГЛЕД НА ВИСИНА НА СТАПКА НА КАЗНЕНА КАМАТА
(за период од 01.07 до 31.12.2020 година)
Период | Референтна каматна стапка | Казнена камата правно и правно | Казнена камата правно и физичко | Oбјава на НБРМ | Стапка на EURIBOR | правно и правно | правно и физичко |
1 | 2 | 3=(2+5%) | 4=(2+4%) | 5 | 6 | 7=(6+5%) | 8=(6+4%) |
01.07 до 31.12.2020 | 1,50% | 11,50% | 9,5% | 30.06.2020 | -0,51% | 9,49% | 7,49% |