1. ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА ТРГОВИЈА НА ОДДЕЛНИ СТОКИ , ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА НАЈВИСОКИ ЦЕНИ ЗА ОДДЕЛНИ ПРОИЗВОДИ ВО ТРГОВИЈАТА НА МАЛО, КАКО И ОБВРСКА НА ТРГОВЦИТЕ ДА ПРИБАВУВААТ И ПРОДАВААТ ОПРЕДЕЛНИ ВИДОВИ И КОЛИЧЕСТВА НА ОДДЕЛНИ СТОКИ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ СПОРЕД ОПРЕДЕЛЕН РЕДОСЛЕД

Во „Службен весник на РСМ“  282 од 27.12.2023 година објавени се Измените на Одлуката за посебни услови за трговија на оделни стоки определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед, кои се  однесувааат на продолжување на рокот, со што Одлуката ќе се применува до 31 Јануари 2024 година.

О Д Л У К А

ЗА ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА ТРГОВИЈА НА ОДДЕЛНИ СТОКИ, ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА НАЈВИСОКИ ЦЕНИ ЗА ОДДЕЛНИ ПРОИЗВОДИ ВО ТРГОВИЈАТА НА МАЛО, КАКО И ОБВРСКА НА ТРГОВЦИТЕ ДА ПРИБАВУВААТ И ПРОДАВААТ ОПРЕДЕЛЕНИ ВИДОВИ И КОЛИЧЕСТВА НА ОДДЕЛНИ СТОКИ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ СПОРЕД ОПРЕДЕЛЕН РЕДОСЛЕД

(Службен весник на РСМ 195/23, 202/93, 203/23, 227/23, 282/23)

Член 1

Со оваа одлука се определуваат посебните услови за трговија, највисоките цени во трговијата на мало, како и об-врската на трговците кои претставуваат правни и физички лица кои се регистрирани за вршење дејност производство и за вр-шење дејност трговија на големо и на мало во соодветен рег-истар согласно со закон, да ги прибавуваат и продаваат след-ните производи/стоки:

1) Ориз бел, во пакување од 900 g до 1kg;

2) Брашно пченично тип 400 и тип 500;

3) Бел и полубел леб, векна, индустриски тип 450 g (цел и на парчиња), со исклучок на свежо печен леб во маркетите;

4) Други пекарски производи;

5) Бисквити „Petit Beurre“ и бисквити обични и посни  од 300 до 500g;

6) Наполитанки, со фил од какао крем (обични, непрелиени) од 300 до 500 g;

7) Тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица обични) без и со јајца од 500 g;

8) Јунешко месо без коски, од бут или некој друг дел;

9) Свинско месо без коски, од бут или некој друг дел;

10) Мелено месо свинско и јунешко;

11) Пиле свежо или замрзнато (цело);

12) Пилешки стек свеж или замрзнат;

13) Чаен колбас (јунешки, свински и говедски) без додатоци и без слајс пакување;

14) Пилешка посебна салама (без слајс пакување);

15) Паштета од џигер и пилешка (без додатоци) во пакување од 95 и 100 g;

16) Трајно кравјо млеко (освен органско млеко и  млеко со додатоци) со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, во пакување од 1 l;

17) Јогурт од кравјо млеко обичен (без додатоци) со масленост од 2,8% до 3,2%, во пакување од 1 l и 1,5 l;

18) Кисело кравјо млеко (обично, без додатоци) со масленост од 2,8% и 3,2%, во пакување од 300 до 500g;

19) Павлака од кравјо млеко со масленост од 12% до 20%, во пакување од 180 или 200 g;

20) Традиционално кравјо бело сирење и мешано бело сирење (без додатоци);

21) Традиционален кравји и мешан кашкавал (без додатоци) и

22) Свежи јајца од кокошка.

Член 2

Највисоките цени на производите/стоките од членот 1 точки 2), 3), 4), 5), 6), 7), 8), 9), 10), 11), 12), 13), 14), 15), 16), 17), 18), 19), 20) и 21) од оваа одлука се утврдуваат на нивото на цените (со исклучок на цените на акциска продажба), кои се применувале на 1 август 2023 година, во трговијата на мало, кои цени се намалуваат најмалку за 10%.

Највисоките цени на производите/стоките од членот 1 точки 1) и 22) од оваа одлука се утврдуваат на нивото на цените (со исклучок на цените на акциска продажба), кои се применувале на 1 септември 2023 година, во трговијата на мало, кои цени се намалуваат најмалку за 10%.

Член 3

Трговците за вршење дејност производство и дејност трговија на големо, за производите/стоките од член 1 од оваа одлука одобруваат рабат и други надоместоци кон трговецот за вршење дејност трговија на мало, во висина до 5%.

Член 4

Трговците за вршење дејност трговија на мало про-изводите/стоките oд член 1 од оваа одлука, кои се поставени на полиците, фрижидерите и разладните уреди, треба јасно да ги обележат со натписот „гарантирана цена”, кој е објавен на веб-страницата на Министерството за економија.

Член 5

Трговците за вршење дејност производство и за вршење дејност трговија на големо имаат обврска производите/стоките од членот 1 од оваа одлука, да им ги продаваат месечно на трговците за вршење дејност трговија на мало, во количина од најмалку 70% од количината продадена во месец август 2023 година.

Член 6

Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а ќе се применува до 31 JAНУАРИ/2024 година.

  • ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА НАЈВИСОКИ ЦЕНИ ЗА ОДДЕЛНИ ПРОИЗВОДИ ВО ТРГОВИЈАТА НА ГОЛЕМО И ТРГОВИЈАТА НА МАЛО

Во „Службен весник на РСМ“  282 од 27.12.2023 година објавени се Измените на Одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало, кои се однесувааат на продолжување на рокот, со што Одлуката ке се применува до 31 Јануари 2024 година.

О Д Л У К А

ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА НАЈВИСОКИ ЦЕНИ ЗА ОДДЕЛНИ ПРОИЗВОДИ ВО ТРГОВИЈАТА НА ГОЛЕМО И ТРГОВИЈАТА НА МАЛО

(Службен весник на РСМ 203/23, 237/23, 282/23)

Член 1

Со оваа одлука се определуваат највисоките цени во трговијата на големо и трговијата на мало на следните производи:

1) Светло пиво во пакување од 1,5l во шише;

2) Газирани пијалоци (сокови), во пакување над 1I  во шише,

3) Негазирани пијалоци(сокови) во тетрапак  пакување и

3) Минерална, газирана и негазирана природна изворска вода во пакување над 1л во шише.

Член 2

Највисоките цени на производите од членот 1 од оваа одлука се утврдуваат на нивото на цените (со исклучок на цените на акциска продажба) кои се применувале на 19 септември 2023 година, во трговијата на големо, кои цени се намалуваат најмалку за 10%.

Член 3

Трговците за вршење дејност трговија на мало, се должни да ги утврдат цените во трго ијата на мало за производите од член 1 од оваа одлука согласно висината на процентот од членот 2 од оваа одлука.,

Член 4

Трговците за вршење дејност трговија на мало, производите oд член 1 од оваа одлука, кои се поставени на полиците, фрижидерите и разладните уреди треба јасно да ги обележат со натписот „гарантирана цена”, кој е објавен на веб страницата на Министерството за економија.

Член 5

Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а ќе се применува до 31 JAНУАРИ/2024 година.